Годините се само бројка за него: Легендарниот Касаи и во шесттата деценија освојува бодови

Легендарниот јапонски ски-скокач, Нориаки Касаи, и во шесттата деценција од животот успева да освојува бодови во натпреварите од Светскиот куп. 52-годишниот Касаи на скокалницата во Сапоро преку квалификациите се пласираше во главната рунда. После првите скокови го освои 28-мото место, но „потфрли“ во вториот скок и во конечното рангирање го освои 30-тото место и еден бод.

Последните бодови во Светскиот куп, Касаи ги освои во 2019-тата година на словенечка Планица, а денес само го подобри својот рекорд, кој тешко дека некогаш ќе биде урнат.

Што се однесува до натпреварот во Сапоро, победата му припадна на австриецот Штефан Крафт, кој заврши пред домашниот натпреварувач Рјоју Кобајаши и германецот Андреас Велингер.

- Оглас -

Најнови вести