Флорентино Перес ќе се кандидира за нов претседателски мандат на клупските избори во Реал Мадрид. Ваквата вест со радост беше пречекана од навивачите на Кралскиот клуб бидејќи токму Перес пишува историја со клубот од 2000 година.
Седумдесет и седумгодишниот претседател на Реал Мадрид на чело на Кралскиот клуб дојде во 2000 година и остана сè до 2006, но од 2009 повторно се врати и сè уште го води еден од најголемите клубови во светот.
Перес се одлучи бизнисот да го препушти на членови на семејството и на луѓе од доверба бидејќи тој поседува една од најголемите градежни компании во светот, а неговото лично богатство според „Форбс“ се проценува на 2,5 милијарди евра.