5.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Гого Славески го прегази ривалот уште во првата рунда (Видео)

Македонскиот борец Гого Славески ја забележа својата седма победа во БКФЦ (Бокс со голи раце), откако во првата рунда го победи Џа Фар Форт со технички нокаут.

Славески агресивно ја започна борбата и веднаш тргна во напад. Судиjата беше принудена да ја стопира рундата дури четири пати пред да одлучи дека Фар Форт не може да продолжи, прогласувајќи го Славески за победник.

Победата пристигна за само една минута и 34 секунди. Импресивна партија за Гого Славески, кој сега има седум победи и еден пораз во БКФЦ, а претходно бил и шампион во ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести