20.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Ѓоковиќ без мака се пласира во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ само по две одиграни кола обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот мастерс турнир во Торино.

Српскиот рекет во второто коло немаше никаква мака против Андреј Рубљев, откако го совлада со 6:3, 6:2.

Со тоа Ноле, кој е во таканаречената Зелена група, е на врвот со два бода, имајќи две победи од исто толку одиграни средби.

Ова е десетти пласман во полуфиналето на Новак на завршниот турнир во годината.

Но, пред да игра во елиминациската рунда, најпрвин ќе треба да ги заврши активностите од групата.

Следен негов противник ќе биде Британецот Камерон Нори, во меч кој е закажан за два дена, со почеток од 14:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести