12.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Ѓоковиќ: Би сакал да се повлечам на Олимписките игри во 2028 година, со српското знаме! (Видео)

Во Атина, славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека сака да ја заврши својата легендарна кариера во 2028 година, на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, доколку здравјето му го дозволи тоа.

Ѓоковиќ тогаш ќе има 41 година.

„Бидејќи ги остварив апсолутно сите цели во кариерата, а распоредот го правам година или повеќе однапред, си реков да играм ОИ 2028, посакувам да играм дотогаш. Ете, можеби ќе завршам со играње на ОИ со српското знаме, тоа би било убаво. Не знам дали ќе дотуркам дотогаш, има работи кои не се под моја контрола, но се трудам да бидам здрав и психички и физички“, рече најуспешниот тенисер во историјата.

- Оглас -

Најнови вести