Ѓоковиќ блесна кога најмногу требаше: Спаси три сет топки, а потоа го реши Гркот Циципас

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на ЛОИ во Париз, откако со 2:0 во сетови го победи Стефанос Циципас. Во првиот сет Ѓоковиќ успеа да направи еден брејк на противнички сервис и тоа беше доволно да го добие со 6:3.

Во вториот сет, Циципас започна многу посигурно. Гркот поведе со 4:0, но Новак не се предаде. Стигна до 4:5 кога Циципас на свој сервис водеше со 40:0 и имаше три сет топки, но не ги искористи. Ѓоковиќ не само што ги спаси тие три сет топки, туку направи брејк по кој стигна до 6:6 и се избори за тај-брејк во кој беше доминантен и го доби со 7:3, за крај на мечот кој траеше два часа.

За Ѓоковиќ ова е четврто полуфинале на ЛОИ, но сега доааѓа најтешкото за него, бидејќи во претходните три ситуации губеше во полуфиналињата на Игрите. Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Италијанецот Лоренцо Мусети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести