Ѓоковиќ доби антинаграда, беше прогласен за „Ковидиот“ на годината

Новак Ѓоковиќ денеска прослави јубилејни 300 недели како се наоѓа на челната позиција на АТП-листата, а е само втор тенисер кому му успеало такво нешно. Рекордер по бројот на недели како лидер на АТП-листата е Роџер Федерер со 310 недели на врвот на АТП.

Освен што имаше успех на тенискиот терен и ја задржа челната позиција, Ѓоковиќ оваа година ќе ја памети и по неколку контроверзии. На Отвореното првенство на САД, Србинот беше прв фаворит за трофејот, но беше дисквалификуван откако со топче удри една од линиските судии.

Сепак, тоа не беше најконтроверзниот момент на Ѓоковиќ. Србинот во време на пандемија и „локдаунот“ во цела Европа, реши да организира Адрија тур, на кој учествуваа повеќе светски познати тенисери. За време на вториот турнир од турнејата, неколку тенисери беа заразени со корона-вирусот и турнирот беше прекинат.

Поради оваа глупост, Ѓоковиќ денеска го доби признанието „Ковидиот“ на годината во организација на англискиот весник „Дејли мејл“.

„Само Ѓоковиќ може да му даде топка во лицето на линискиот судија на Отвореното првенство на САД, но тоа сепак не беше ни блиску до најконтроверзниот момент во годината. Тој реши да го организира Адрија тур и покрај „локдаунот“ поради вирусот и затоа го добива првото место во изборот за најковидиот во годината“, стои во образложението на „Дејли мејл“ за добивањето на оваа антинаграда.

- Оглас -

Најнови вести