Ѓоковиќ доби свој часовник, а чини 55.000 евра (Фото)

Новак Ѓоковиќ доби ново признание за своите значајни постигнувања во тенисот преку партнерство со познатиот бренд за часовници Hublot.

Компанијата креираше уникатен часовник со неговото име, Hublot Big Bang Unico x Novak Djokovic, кој е посебен по тоа што вклучува рециклирани материјали, како што се: маици и рекети што Ѓоковиќ ги користел во текот на својата кариера.

Часовникот ќе биде ограничен само на 100 примероци, а неговата тежина е само 49,5 грама, што е полесно од едно тениско топче.


Цената на овој специјален модел изнесува неверојатни 54.900 евра.

- Оглас -

Најнови вести