Ѓоковиќ дојде во Арена на кошаркарското дерби, а носеше дуксер за поддршка на студентите (Видео)

Новак Ѓоковиќ вечерва се појави во белградска „Арена“ пред почетокот на кошаркарското дерби помеѓу Партизан и Црвена ѕвезда, носејќи дуксер со натпис „Students Are Champions“ (Студентите се шампиони), со што повторно ја искажа својата поддршка за студентите во Србија.

Светскиот тениски ас претходно неколку пати јавно ги поддржа барањата на студентите, а сега со оваа порака испрати јасен сигнал дека стои зад нив.

Дуелот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда е од големо значење во рамките на 24. коло во Евролигата, бидејќи може да биде клучен за конечниот пласман на тимовите во натпреварувањето.

- Оглас -

Најнови вести