Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, денес ја освои својата 101-ва титула во кариерата.
Во финалето на турнирот во Атина, Србинот го совлада Италијанецот Лоренцо Музети, уште еднаш потврдувајќи дека и натаму е на највисоко ниво.
Сепак, по завршувањето на финалето пристигна информацијата дека Ѓоковиќ нема да настапи на завршниот Мастерс, кој започнува утре.
Музети потврди дека самиот Новак му ја соопштил одлуката уште на теренот.
„Новак ми кажа на теренот дека нема да оди во Торино. Ми го соопшти тоа“, изјави Италијанецот на прес-конференцијата по финалето.
Токму Лоренцо Музети како деветторангиран на АТП листата треба да биде последниот учесник на завршниот турнир.

