Ѓоковиќ е подготвен за финале пред финале против Надал на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ е подготвен за најголемиот предизвик на Ролан Гарос и полуфиналниот меч со Рафаел Надал откако вечерва го елиминира Матео Беретини со победа од 3:1 во сетови.

Полуфиналето меѓу првиот носител од Србија и апсолутниот рекордер на Ролан Гарос од Шпанија ќе биде шлагер на целиот турнир и финале пред финалето во мечот за титулата.

Надал претходно денеска го победи Диего Шварцман со 3:1 во сетови и најави дека сериозно атакува на 14-тиот пехар на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ е во полуфиналето, а интересно е што вечерва мораше да чека околу половина час за да се испразнат трибините на „Филип Шатрие“ поради полицискиот час во Париз.

Мечот против Беретини неочекувано се одолжи, но сепак заврши пред полноќ, со победа на првиот носител од 6:3,6:2, 6:7, 7:5.

Сега Новак ќе се обиде да го остави големиот ривал Надал на 13 титули во Париз, што е рекорд во историјата на популарниот гренслем на земјена подлога.

Во второто полуфинале ќе играат Зверев и Циципас, па еден од нив ќе игра во завршниот меч за пехарот на Ролан Гарос.

Кај дамите во полуфиналето ќе играат Словенката Зиданшек против Пављученкова од Русија и Сакари од Грција против Кејчикова од Чешка, а интересно е што ниту една од нив нема гренслем-пехар.

 

- Оглас -

Најнови вести