Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Мајами ќе игра против 19-годишниот Чех Јакуб Меншик, српскиот тенисер ќе се обиде да стигне до 100-тата титула во кариерата и ривал ќе му биде играч кој во Новак гледа свој идол.
Еден телефонски повик од Новак во февруари 2022 година, му го смени животот на Меншик.
„Новак знаеше дека е мојот идол и затоа ме покани да тренираме заедно, прво во Белград, а потоа во Црна Гора. Кога ми се јави, прво мислев дека е некоја шега. Феноменално е што еден од најдобрите тенисери во историјата те кани и ти дава шанса да тренираш со него. Сето тоа искуство и совети се многу добри. Јас играм тенис поради Новак. Да не беше тој, ни јас не би бил сега тука“, раскажа Меншик кој пред две недели загуби од Босанецот Дамир Џумхур во полуфиналето на челинџер во Пунта Кана, а сега игра финале на Мастерс во Мајами, што е негов најголем успех во кариерата.
Ѓоковиќ до 60-тото Мастерс финале дојде без загубен сет и ќе биде огромен фаворит за победа во финалето во Мајами.