Ѓоковиќ еден и пол час се мачеше во првиот сет, а потоа се налути и по брза постапка го реши противникот

Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на „Ролан Гарос“ откако со 3:0 во сетови го победи Мартон Фучович од Унгарија. Србинот беше голем фаворит пред мечот, но во првиот сет тоа не делуваше така на теренот.

Фаворитот одлично почна и поведе со 3:0 во гејмови, но Фучович не само што не се предаде, туку успеа да направи брејк, и тоа кога Ѓоковиќ сервираше за да го добие првиот сет, па израмни на 5:5. Потоа резултатот стигна до 6:6, а во тајбрејкот Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е одличен и го доби со 7:2. Првиот сет траеше дури 87 минути, но очигледно дека Фучович многу повеќе се истроши.

Ѓоковиќ во вториот сет заигра фуриозно и само за 35 минути го доби вториот сет. и тоа со перфектни 6:0. Во третиот сет Фучович поведе со 2:1 во гејмови, а Новак со низа од четири гејма стигна до 5:2, но потоа повторно го загуби својот сервис кога требаше да го затвори мечот.

Србинот сепак не дозволи да има изненадувања и потоа направи рибрејк и со 6:3 го доби третиот сет и пласман во третото коло.

- Оглас -

Најнови вести