Ѓоковиќ фрли се на една карта, го откажа учеството на турнирот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на АТП турнирот во Синсинати, што треба да се игра од 14 до 22 август, а целта е да биде одморен и свеж за настап на САД опен,последниот гренслем турнир во годината.

Српскиот тенисер потфрли на Олимписките игри и не усепа да освои медал во двете конкуренции во кои настапи, но сега има шанса да биде еден од ретките тенисери во историјата со комплетирани четири пехари во иста година на гренслем турнирите.

„Драги навивачи морам да одморам во долгата сезона на настапи од Австралија до Токио. Жал ми е што нема да играм на Мастерсот во Синсинати. Ќе се фокусирам на настапот на САД опен и на моето семејство. Се гледаме во Њујорк“, објави Ѓоковиќ на Твитер.

Гренслем турнирот во САД ќе се игра од 30 август до 12 септември, а Ѓоковиќ е топ-фаворит за титулата, што би му донела редок подвиг и колекција од сите пехари на Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен во иста година.

 

- Оглас -

Најнови вести