Ѓоковиќ го доби најдобриот поен што сте го виделе, но загуби на Индијан Велс (Видео)

Новак Ѓоковиќ е елиминиран на Индијан Велс откако по голема борба во осминафиналето, со 2:1 во сетови загуби од Џек Дрејпер. Во четвртфиналето Британецот ќе игра против Данил Медведев.

Повеќе од два и пол часа траеше битката меѓу Ѓоковиќ и Дрејпер. Србинот го доби првиот сет со 6:4, а потоа со истиот резултат возврати и Дрејпер. Во решавашкиот трет сет Дрејпер водеше со 5:4 и сервираше за победа, но Ѓоковиќ направи брејк и се врати во игра. На крајот беше 6:6, па тај-брејкот решаваше за победникот. И таму беше неизвесно. На 5:5, Дрејпер го зеде поенот на свој сервис, а потоа успеа да ја освои и првата меч-топка и на крајот славеше со 7:5 над големиот ривал.

На овој меч освен големата борба, беше виден и еден од најдобрите поени во историјата на тенисот. Се случи тоа на почетокот од третиот сет, а по голема борба и 26 разменети удари, поенот на крајот го освои Ѓоковиќ. За жал на многуте фанови на Србинот, сепак мечот му припадна на Дрејпер.

- Оглас -

Најнови вести