Ѓоковиќ го победи Руне и се круниса за Крал во тенисот и за 2023 година!

По повеќе од три часа игра, Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во меч од првото коло на завршниот АТП Мастерс турнир во Торино. Српскиот тенисер на крајот беше подобар со 2:1 во сетови и тоа 7:6 (4), 6:7(1), 6:3.

Оваа победа на Ѓоковиќ има историско значење. Популарниот Ноле го обезбеди провот место на АТП листата до крајот на 2023 година, што значи дека по рекорден осми пат една календарска година ќе ја заврши како Крал на тенисот.

Освен тоа, Ѓоковиќ веќе сигурно ќе ја надмине магичната бројка од 400 недели поминати на првото место на АТП листата, подвиг кој не успеал на ниту еден друг тенисер во историјата.

Мечот против Руне кој заврши по полноќ беше исцрпувачки. Во првиот сет, двајцата тенисери имаа по еден брејк, па стигнаа до 6:6, а во тајбрејкот Ѓоковиќ беше подобар со 7:4. Во вториот сет продолжи драмата. Повторно имаше по еден брејк на двете страни, па стигнаа до 6:6 и повторно тајбрејкот решаваше, но овојпат Норвежанецот беше многу подобар и го доби со убедливи 7:1.

Решавачкиот трет сет започна добро за Ѓоковиќ бидејќи поведе со 2:1, но Руне возврати и израмни на 2:2. Потоа Новак го доби својот сервис и следуваше клучниот брејк за 4:2. На крајот, во третиот сет, најдобриот тенисер во светот беше подобар со 6:3.

Во еден момент на овој меч Ѓоковиќ покажа и излив на нервоза и бес, па за само неколку секунди успеа да искрши два рекети. За среќа по Ноле, тоа не влијаеше негативно во неговата игра и на крајот стигна до посакуваната победа.

- Оглас -

Најнови вести