Ѓоковиќ го прегази Музети за четвртфинале во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 6-2, 6-2 го порази Лоренцо Музети во осминафиналето на Мастерсот во Мајами и за првпат по 2016 година ќе игра четвртфинале на овој турнир на кој ја брка јубилејната 100-та титула во кариерата.

Новак почна лошо, ги загуби првите два гејма, но веднаш се врати, и тоа со огромна серија од девет освоени гејма по ред, излудувајќи го својот противник кој беше немоќен.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Себастијан Корда, кој е 24-ти носител. По испаѓањето на многу фаворити, како Алкарас, Медведев, Фриц и уште неколку. На популарниот Ноле отворен му е патот и до финалето, со оглед на тоа дека можни ривали во полуфиналето му се Франсиско Серундоло или Григор Димитров.

- Оглас -

Најнови вести