15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ѓоковиќ го загуби првиот сет, па се налути, преку Рубљов до полуфиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја продолжува одбраната на титулата на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон, откако во четвртфинале со 3-1 во сетови го елиминира рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Ѓоковиќ по два часа и 48 минути игра славеше со 4:6,6:1,6:4,6:3 против Рубљов и по 12-ти пат обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон. Новак по 46-ти пат ќе игра во едно гренслем-полуфинале, со што се израмни со Роџер Федерер.

Тој за пласман во финалето ќе игра против Јаник Синер, кој исто така во четири сета со 6:4,3:6,6:2,6:2 го елиминира Роман Сафиулин од Русија.

Рубљов првиот сет го доби благодарение на брејкот во деветтиот гем. Загубениот сет претставуваше повик за будење за Ѓоковиќ и српскиот тенисер одговори на најдобар можен начин. Вториот сет го доби со убедливи 6:1, а во третиот доволен му беше еден брејк за да поведе со 2-1 во сетови. Во четвртиот сет, Ѓоковиќ двапати го одзеде сервисот на противникот и се пласира во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести