Ѓоковиќ губеше 0-2 во сетови, па заигра како број 1 и го принуди противникот да се предаде

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ и тоа не е никакво изненадување, но првите два сета во дуелот со 19-годишниот дебитант на гренслемите, Лоренцо Мусети, покажаа дека и светскиот рекет број 1 е човек од крв и месо. Мусети ги доби двата тај-брејка и поведе со 2-0 во сетови, беше на прагот на сензација, но тогаш Ѓоковиќ како да се освести и заигра неверојатно добро.

Новак за околу 45 минути ги доби третиот и четвртиот сет, а во петтиот поведе со 4-0,и физички немоќниот Мусети се предаде.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ повторно има противник од Италија, Матео Беретини, кој е одморен бидејќи неговиот несуден осминафинален ривал Роџер Федерер реши да се повлече од турнирот.

- Оглас -

Најнови вести