Ѓоковиќ и кога губи е непобедлив, спаси меч топка, додаде гас и го освои пехарот во Аделаида

Новак Ѓоковиќ е непобедлив и кога губи, а повторно ја докажа светската класа со пресврт и победа во финалето на АТП турнирот во Аделаида против Себастијан Корда.

Српскиот ас беше на работ на амбисот, откако го загуби првиот сет во тај-брејк со 8-10 во поени, а потоа спаси и меч топка во вториот сет што исто така се играше во тај-брејк.

При 6:5 за Корда, Американецот имаше меч топка, но Новак одигра сигурно, израмни на 6:6 и потоа во тај-брејк славеше со 7-3 во поени за 1:1 во сетови.

Во решавачкиот сет 35-годишниот српски ас додаде гас и направи брејк за 3:1, а потоа сигурно го заврши мечот што го доби со 6:7 (8), 7:6 (3) и 6:4.

Со тоа ја продолжи серијата победи на почвата на Австралија, каде нанижа 34 триумфи во серија во последните пет години во кои е непоразен.

Корда имаше голема шанса за подвиг и втор пехар во кариерата, но не успеа да го направи завршниот чекор, па Ѓоковиќ го крена 92-от пехар на АТП турнирите во богатата кариера.

- Оглас -

Најнови вести