Тениската суперѕвезда Новак Ѓоковиќ играше на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Саудиска Арабија, ја искористи приликата да ги посети сонародниицте Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ кои играат за фудбалскиот првак на таа земја Ал-Хилал, а потоа замина на забавен квиз со Нејмар, кој е најголемата ѕвезда на Ал-Хилал.
Направено е интересно видео кое трае околу три и пол минути и всушност е како квиз каде Ноле и Нејмар одговараа на прашања еден за друг. Имаше и точни одговори, но и грешки, и многу смеа и шеги.
Бразилецот погоди дека Ѓоковиќ е од Белград, дека има 24 гренслем титули, дека главни ривали му биле Федерер и Надал, оти има едно олимписко злато, а не знаеше на кој гренслем турнир Новак има најмногу титули. Одговорот беше Австралија опен, а Нејмар не знаеше и покрај помошта што ја доби од најуспешниот тенисер на сите времиња.
Ѓоковиќ му кажа „дека сака кенгури“ и тоа требаше да го асоцира Нејмар со Австралија и да каже Австралијан опен, но фудбалерот наместо Австралија или барем Мелбурн, град во кој се игра тој турнир, одговори „Сиднеј“.
После тоа дојде ред на Новак да одговори на прашањето за Нејмар.
Србинот имаше потешки прашања и веднаш налета на проблем, не го знае целото име на Нејмар. Доби неколку можни одговори, а потоа се вмеша и Бразилецот, бидејќи тој што го постави прашањето не го изговори точно целото име, па настана забуна со последниот дел, и одговорот на Ноле сепак беше прифатен.
Потоа беше прашан колку титули има Нејмар во Лигата на шампионите. Има една со Барселона, изјави Новак и се обидуваше да се сети на уште некоја, па одговори два. Нејмар му рече дека е само една и тоа го изненади Новак.
„Сигурен си? Добро, една, но втората ќе дојде“, се насмеа Новак, а Нејмар го потврди тоа.
Србинот знаеше дека Нејмар играл за Барселона, ПСЖ и Сантос пред да дојде во Саудиска Арабија, а мораше да добие мала помош за бројот на професионални натпревари (760) и бројот на голови за бразилската репрезентација (79) на Нејмар.
https://twitter.com/i/status/1849054942603960472