Привршуваат подготовките за гренслем турнирот Вимблдон кој почнува в понеделник, а Новак Ѓоковиќ денеска спарингуваше со најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка и атмосферата на тренингот беше одлична.
Ѓоковиќ е седумкратен освојувач на Вимблдон, Сабаленка уште нема титула на овој славен турнир кој се игра на трева.
Камерите фатија дел од тренингот во кој Србинот и Белорусинката се обложија во 100 долари кој прв ќе погоди шише со вода.
„Ајде да додадеме малку дополнителна мотивација“ – предложи Новак.
– 100 долари – одговори Арина без размислување.
Набрзо следеше размена на топки, а Ѓоковиќ ја погоди целта! Со смеа и вресоци, Ноле ја прослави „победата“, а Сабаленка на шега извика:
– Ја победи девојката. Горд ли си на себе?
Во вториот обид, кога шишето беше во аголот од теренот, Сабаленка се снајде подобро, прецизно ја погоди целта, а потоа падна на колена! Новак театрално го фрли рекетот, а Арина возбудено рече:
– Дај ми ги парите, имаш кеш?
Некој дофрли: Тој си го заборави паричникот.
A game of high stakes 💵#Wimbledon | @SabalenkaA | @DjokerNole pic.twitter.com/K0YdtojNll
— Wimbledon (@Wimbledon) June 25, 2025