33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Ѓоковиќ и Синер со иста одлука, нема да бидат дел од турнирот на кои беа пријавени дека ќе играат

Рекордерот по бројот на освоени гренд слем титули Новак Ѓоковиќ и моментално најдобриот на АТП светската листа Јаник Синер нема да бидат дел од турнирот кој на 26 јули ќе започне во Торонто. Две од трите најголеми тениски ѕвезди во моментов, нема да играат во канадскиот град порад повреда.

И Ѓоковиќ и Синер се жалат на повреди на рацете. Синер имаше повреда на лактот на раката, но и покрај тоа успеа да продолжи со настапот на Вимблдон и на крајот да го освои.

За разлика од Италијанецот, Ѓоковиќ имаше повреда на раката поради која не можеше да го даде најдоброто и тоа токму во дуелот против Синер во полуфиналето.

Ѓоковиќ има четири титули од турнирот во Торонто и тоа во 2007, 2011, 2012 и 2016 година. Интересно е дека Србинот последен пат на овој турнир играл во 2018 година.

Се очекува Ѓоковиќ и Синер да бидат подготвени за настап на последниот гренд слем турнир во годината, а тоа е Отвореното првенство на САД, кое започнува на 24 август.

- Оглас -

Најнови вести