Ѓоковиќ игра тенис на дожд на шеталиште во Белград (Видео)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ уште не открил дали ќе игра на првиот Гренд слем турнир во Мелбурн. Популарниот Ноле е деветкратен освојувач на Австралија Опен и актуелен бранител на тронот, но уште не се знае дали ќе му биде дозволено да го брани пехарот, затоа што организаторот реши дека само вакцинирани играчи може да настапат.

Додека сите се во исчекување на одлуката дали Србинот ќе настапи во Мелбурн, Ѓоковиќ се релаксира. Помалку збунувачки за пешаците била глетката како Ѓоковиќ на шеталиште во Белград, додека врне дожд, тој игра тенис.

На снимката не се гледа кој е „спаринг партнерот“ на Ноле, а се претпоставува дека е детенце на кое Ноле му го има исполнето сонот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Rogan (@igor.rogan.9)

- Оглас -

Најнови вести