Ѓоковиќ има јак тефтер со постојани муштерии: Број 1 му е Монфис, а денеска го запиша и Поспишил (Фото)

Новак Ѓоковиќ ја забележа и 1015-та победа во кариерата, откако со 2:0 го победи Канаѓанецот Васек Поспишил и го запиша во својот тефтер со Топ-20 најмногу победувани тенисери во кариерата и без ниту еден пораз од нив.

Српскиот ас сега има биланс од 6:0 во победи во кариерата против Поспишил, а Канаѓанецот се приби во Топ-20 листата со тенисери што Новак најмногу ги победувал и тоа без да доживее пораз.

Врв е билансот од 18:0 против Гаел Монфис, а по него е уште еден француски тенисер, Жереми Шарди со скор од 0:14 против Ѓоковиќ.

Уште само против Милош Раониќ, Новак има двоцифрен број на триумфи без пораз, односно билансот му е 12:0.

 

- Оглас -

Најнови вести