Ѓоковиќ инспирира големи дела – По неговиот милион, Бергамо доби уште десет за да се справи со кризата

Новак Ѓоковиќ инспирира со својата хуманост, а колку е влијателен во светот, говорат зборовите на доктор Петер Асембергс, директор на болница во Бергамо, која доби подарок од еден милион евра од тенискиот ас.

„Донацијата на Новак повлече вистинска лавина од позитивни реакции. Не сакаше да се експонира со подарокот за нашата болница во вредност од еден милион евра, но откако објавивме, во наредните 48 часа ни стигнаа уште неверојатни 10 милиони евра од разни донатори. Тоа е магијата на Ѓоковиќ и уште еднаш му благодариме од срце“, изјави Асембергс.

Меѓу луѓето што беа инспирирани од хуманиот гест на најдобриот светски тенисер во моментов и одлучија да ги следат неговите чекори се и славниот пејач Роби Факинети, Федерика Пелегрини и уште многу познати светски „фаци“, но и фирми кои донираа вкупно уште 10 милиони евра.

Бергамо и Ломбардија се меѓу најпогодените области со заразени и починати од корона-вирусот, а досега над 65 илјади луѓе беа позитивни на тестот за ковид-19 и починаа околу 12 илјади луѓе.

„И донацијата и реакцијата на Новак се восхитувачки. Сакаше да остане тајна дека ни подари пари, а потоа, кога го консултиравме дали да ја објавиме сумата, ни рече дека не му е важно да се знае дека донирал, но ако неговиот гест повлече нови донации, тогаш е во ред“ додаде Асембергс.

 

- Оглас -

Најнови вести