Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во изолација во хотел во Мелбурн, во кој престојуваат мигранти. Србинот нема дозвола за влез во Австралија и затоа е во изолација.
В понеделник ќе се знае дали на Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во земјата, а со тоа и настап на првиот Гренд слем турнир за оваа сезона.
Додека е во изолација, Ѓоковиќ реши прв пат да се јави преку социјалните мрежи и на Инстаграм упати честитка за среќен Божиќ.