Ѓоковиќ израмни на 2-2: Ќе дозволи ли Србинот пораз на Централниот терен после цели 10 години? (Фото)

Продолжува драмата на Централниот терен на Вимблдон, каде се игра големото финале помеѓу најдобрите двајца светски тенисери во моментов, Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ.

Четвртиот сет заврши во корист на Србинот, кој израмни на 2-2, откако претходно поведе со 1-0, но шпанецот направи комплетен пресврт и имаше водство од 2-1.

Клучниот момент во сетот се случи во петтиот гејм, во кој Ѓоковиќ направи брејк и само рутински го доработи сетот, а до крајот дојде до уште еден брејк за конечни 6-3.

Режисерот на мечот се присети на еден историски момент, кој гласи дека Новак Ѓоковиќ нема пораз на Централниот терен на Вимблдон цели 10 години и 9 дена, односно од 7-ми јули 2013-тата кога во финалето загуби од домашниот тенисер Енди Мареј со максимални 3-0.

- Оглас -

Најнови вести