Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со 6-3, 6-3 во првото коло на турнирот во Дубаи, во првиот меч за Србинот по депортацијата од Австралија. Светскиот рекет број 1 во второто коло, кое е всушност осминафинале, ќе се сретне со Хачанов или Де Минаур.
Музети, кој е 58-ми на АТП-листата, двата сета ги загуби со по три добиени гејмови и за 37, односно 38 минути игра.