Лоренцо Мусети го направи најголемото изненадување на Мастерс турнирот во Монте Карло откако успеа со 2:1 во сетови да го победи најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. Да биде сензацијата поголема, Мусети го загуби првиот сет со 4:6 и ништо не најавуваше дека може да изненади.
Сепак, во вториот сет се случи нешто што можеби досега никогаш не му се случило на Ноле. Србинот загуби дури пет свои сервиси и на крајот италијанскиот тенисер го доби вториот сет со 7:5 и израмни на 1:1.
Во овој период од мечот, Ѓоковиќ покажа голема нервоза, почна дури и да ги крши рекетите.
https://twitter.com/i/status/1646549336296128519
Во решавачкиот трет сет Ѓоковиќ продолжи со нервозната игра, а тоа го искористи противникот. Двајцата тенисери ги добиваа своите сервиси и беше 3:3 кога Ѓоковиќ киксираше на свој сервис и италијанскиот тенисер поведе со 4:3, а потоа и со 5:3. Новак намали на 4:5, за да Мусети потоа имаше три неискористен меч топки, но четвртатра меч топка му беше успешна и стигна до најголемата победа во кариерата.
https://twitter.com/i/status/1646543733100367876