0.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Ѓоковиќ: „Лоренцо беше многу подобар, а јас веќе бев на пат кон дома“

Лоренцо Мусети го предаде мечот против Новак Ѓоковиќ при водство од 2-0 поради повреда на бутниот мускул, па Србинот е во полуфиналето на Австралија опен.

Ѓоковиќ изрази жалење за ваквиот епилог, призна дека противникот бил многу подобар и му посака брзо закрепнување.

„Не знам што да кажам, многу ми е жал. Беше многу подобар, јас веќе бев на пат кон дома. Ми се случило тоа неколку пати во кариерата, но да имаш таква контрола, два сета водство … Не знам што да кажам. Му посакувам брзо закрепнување и што побргу да се врати на терените.“ – рече Ѓоковиќ.

Србинот го анализираше и мечот, односно оние два сета кои се одиграа.

„Мојата стратегија функционираше само неколку гејма, а потоа се распадна. Имав три-четири добри поени, но и 40 грешки. Тоа ви го прави Лоренцо – кога ќе го нападнете, не знаете што да очекувате, дали ќе биде долга топка или скратена. Да бидам искрен, не знам што да очекувам понатаму. Противникот го предаде мечот во осминафиналето, сега бев во негатива од два сета. Ќе се молам и ќе се подготвувам за следниот натпревар. Не сум задоволен од мојата игра, но постојат и такви денови. За два дена, се надевам, ќе биде многу подобро.“ – рече Новак Ѓоковиќ по пласманот во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести