Ѓоковиќ мета на напади: Новак организира турнир на кој нема никаква социјална дистанца

По повеќе од три месеци, повторно се игра тенис и тоа меѓу врвните тенисери пред публика. Адрија тур во Белград е турнир кој го организира најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, а учествуваат повеќе светски ѕвезди како што се Зверев, Димитров, Тим…

По вчерашниот прв ден на турнирот во Белград, многу светски медиуми останаа збунети за тоа како на трибините имаше гледачи, кои не држеа никаква социјална дистанца и воопшто немаше никаква посебна програма која ќе биде за заштита од опасниот Коронавирус.

„Малкумина од гледачите носеа маски, а немаше никаква социјална дистанца на трибините“, стои во дел од текстот на ЕСПН. Американците се чудат како Ѓоковиќ организира ваков турнир, а е против одигрување на САД Опен според строгите правила за дистанцирање и заштита од опасниот вирус.

Неодамна, Ѓоковиќ се жалеше поради екстремните правила кои сакаат да ги воведат челниците на тениската федеација за одржување на еден од четирите Гренд слем турнири.

Некогашниот капитен на Дејвис куп репрезентацијата на САД, Патрик Мекинро вели дека Новак има погрешно мислење и дека е богат па може да прави што сака.

„Не гледам причина зошто САД Опен да не се организира, освен ако ситуацијата не се влоши. Мислам дека најголем дел од тенисерите ќе играат и дека не треба да ги слушаме мислењата на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Тие се богати и нивните мислења имаат искривени факти. Поголем дел од тенисерите сакаат да играат“, вели Мекинро.

 

- Оглас -

Најнови вести