Ноле се жали дека се подготвуваат екстремни правила за на САД Опен

Најдобриот тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ се пожали дека организаторите на САД Опен планираат да имаат екстремни правила и тоа поради пандемијата од Коронавирусот. Според планот, последниот Гренд слем турнир треба да започне на 31 август на терените во Њујорк.

„Нема да имаме пристап до Менхетен, а ќе мора да спиеме во хотелите на аеродромот. Ќе имаме тестови по два-три пати неделно. Освен тоа, планирано е да имаме само по еден член во таборот, а тоа е невозможно. На играчите им е потребен тренер, кондициски тренер, физиотерапевт. Тоа е неопходно. Правилата кои сакаат да ги воспостават се екстремни“, вели Ѓоковиќ.

Србинот победи на единствениот Гренд слем кој се играше сезонава, тој во Австралија. Ноле на САД опен има три титули и тоа во 2011, 2015 и 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести