Ѓоковиќ може да игра во Мелбурн и со поништена виза, но како е тоа можно?

Нов пресврт во случајот „виза за Новак Ѓоковиќ“ во Австралија. Откако неколку дена Србинот безгрижно тренираше во Мелбрун, утрово стигна нов шок за него. Повторно му беше укината визата за влез во земјата и со тоа во опасност се доведе неговиот настап на Отвореното првенство на Австралија.

Министерот за имиграции, Алекс Хоук, реши дека Ѓоковиќ треба да биде депортиран, и тоа само на три дена до почетокот на првиот гренслем-турнир годинава. Иако му е поништена визата, според поранешниот заменик-секретар на австралискиот оддел за имиграција, Абул Ризви, најдобриот тенисер во светот сепак може да игра во Мелбурн.

„Ако министерот ја укине визата, тогаш Ѓоковиќ може да се жали на таа одлука. Тоа ја отвора опцијата Новак повторно да биде пуштен од „притворот“ со таканаречена помошна или привремена виза која важи додека трае постапката. Таа постапка може да трае доволно долго додека заврши турнирот на Отвореното првенство на Австралија“, објаснува Ризви.

Според проценките на Ризви, доколку случајот повторно дојде до суд, Србинот повторно има реални шанси да го добие спорот и по вторпат да ги победи одлуките на австралиските власти.

„Мислам дека Владата е посебно загрижена дека господин Ѓоковиќ повторно ќе се жали и ќе се врати на суд, а прилично е можно Владата на Австралија таму повторно да го загуби спорот“, додава Ризви.

- Оглас -

Најнови вести