Повторно поништена визата на Ѓоковиќ, треба да биде депортиран од Австралија !

По втор пат за 10 дена, Новак Ѓоковиќ доби поништување на визата за престој во Австралија. Министерот за имиграции во Австралија, Алекс Хоук реши дека престојот на Србинот во земјата е невалиден и дека треба да биде депортиран!

Ѓоковиќ пристигна во Австралија за да биде дел од првито Гренд слем турнир сезонава во Мелбурн. Сепак, при доаѓање на границата, Ноле беше задржан од службениците и не му беше дозволен влез. Србинот беше ставен во хотел за мигранти и по неколку дена седење во изолација, на суд ја доби битката за влез во земјата.

Вчера дури Ѓоковиќ беше дел од ждрепката за првото коло на турнирот и го дозна противникот за во првото коло. 

Сепак, министерот за имиграции Хоук имаше овластување повторно да му ја укине визата на Ѓоковиќ и тоа се случи денеска.

- Оглас -

Најнови вести