12.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Ѓоковиќ на „свој терен“ игра финале за 101-ва титула, Музети има уште поголем мотив

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети попладнево во Атина ќе го играат финалето на АТП 250 турнирот на кои двајцата имаат посебни мотиви за победа.

Фаворит е Ѓоковиќ кој ќе сака својата 101-ва турнирска титула во 144-тото финале во кариерата да ја освои во градот во кој планира да живее и често е таму во последно време. Од друга страна, Музети ја брка првата титула годинава, а ако победи, ќе биде осми на АТП листата и ќе обезбеди место на завршниот турнир во Торино кој почнува веќе утре.

Ѓоковиќ и Музети досега играле девет пати меѓусебе, билансот е 8-1 за Србинот. Единствената победа на Италијанецот беше во Монте Карло во 2023, на земјена подлога. Оваа сезона се сретнаа во Мајами, и тоа беше петта победа по ред за Ноле против Лоренцо.

- Оглас -

Најнови вести