Партизан беше подобар од Олимпијакос со 90-75, по што белградските Црно-бели дојдоа на чекор од пласман во плејофот на Евролигата, бидејќи пред деветтопласираниот имаат предност од две победи, на четири кола до крајот на лигашкиот дел.
Олимпијакос веќе не е осамен лидер на табелата, сега го дели врвот со Реал Мадрид, па тие се и меѓу можните ривали на Партизан во четвртфиналето на плејофот.
Во ложите на „Штарк арената“ беше и Новак Ѓоковиќ. Кога дознаа дека е таму, навивачите му скандираа „Ноле Гробару“. Ѓоковиќ е фан на Црвена ѕвезда, но ги поддржува српските клубови кога играат против странски, па навивачите на Партизан немаат ништо против него.