Ѓоковиќ не е ниту меѓу 150-те тенисери според заработувачката во 2022 година

Новак Ѓоковиќ уште е на првото место на АТП-листата, иако никогаш полошо нема започнато една сезона. Речиси по една четвртина од годината, Ѓоковиќ има одиграно само три победи и еден пораз, заработени на турнирот во Дубаи.

Поради тоа што Србинот не е вакциниран против корона-вирусот, немаше право за настап на Отвореното првенство на Австралија, а го нема ниту на Индијан Велс и Мајами. Токму поради ова, Ѓоковиќ го нема ниту на листата на 150-те тенисери со најголема заработувачка во 2022 година. За настапот во Дубаи и трите победи, Ноле заработи 76.000 долари.

На првото место на оваа листа по заработувачка во 2022 година очекувано е Рафаел Надал. Шпанецот досега има инкасирано 1,7 милиони долари од играњето на турнири оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести