Ѓоковиќ не можеше сам, Хрватска е во финалето на Дејвис купот

Хрватска се пласираше во финалето на Дејвис куп во тенис, откако со 2:1 во победи ја елиминираше Србија. Во првиот меч, Борна Гојо направи изненадување и со 4:6, 6:3, 6:2 го победи Душан Лајовиќ и навести дека Коцкестите ќе бидат во финалето.

Во вториот меч, Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:2 го победи Марин Чилиќ и израмни на 1:1 во мечеви, па мораше да решава дублот. Тука Хрватите се неприкосновени. Мектиќ и Павиќ се број 1 во светот во двојки, а тоа го покажаа и вечерва. Хрватскиот двоец со 7:5, 6:1 ги победија Ѓоковиќ и Крајиновиќ и се пласираа во финалето каде ќе го очекуваат подобриот од второто полуфинале меѓу Русија и Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести