8.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Ѓоковиќ не сопира, сруши уште еден рекорд

Легендарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ запиша уште еден рекорд во својата пребогата кариера. Според мнгоумина, Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, а бројките по многу нешта тоа и го потврдуваат.

Ѓоковиќ сега е тенисерот кој поминал најмногу недели во Топ 4 на АТП листата, вкупно 808 недели. Овој рекорд на Ѓоковиќ само се надоврза на уште некои рекорди кога се работи за АТП листата.

Тој е рекордер по бројот на недели поминати на првото место на АТП листата, вкупно 428 недели. Најдобар е по бројот на недели поминати меѓу најдобрите двајца на АТП листата (вкупно 599 недели), но и кога се работи за Топ 3 играчите во светот, со 756 недели меѓу најдобрите тројца.

Ѓоковиќ неодамна стигна до 101 АТП титула, откако во финалето на турнирот во Атина, со 2:1 во сетови го победи Лоренцо Мусети и тоа на 38 години. Србинот моментално е на четвртото место на АТП листата со 4.830 поени.

- Оглас -

Најнови вести