Карлос Алкарас од Шпанија за првпат во својата кариера го освои Вимблдон, откако во финалето после голема борба славеше над Новак Ѓоковиќ со 3-2.
Србинот одлично го започна мечот и фуриозно со 6-1 го доби првиот сет за водство од 1-0.
Следуваше комплетен пресврт на Алкарас, кој најпрво израмни на 1-1, откако во тај-брејк беше подобар со 8-6 на поени, а потоа и комплетно го надигра Ѓоковиќ со 6-1 во третиот сет.
Новак Ѓоковиќ го доби четвртиот сет со 6-3 и израмни на 2-2, но тоа беше се што направи србинот на овој меч и не успеа да стигне до 24-тиот глен-слем трофеј. Алкарас го доби решавачкиот сет со 6-4 и го прослави првиот трофеј на Вимблдон, односно вкупно втор глен-слем во кариерата.
За српскиот тенисер ова беше прв пораз на Централниот терен на Вимблдон после 10 години и 9 дена, откако претходниот пораз го доживеа на 7-ми јули 2013-тата година во финалето од Енди Мареј.
https://twitter.com/Wimbledon/status/1680636396548005896?s=20