2.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Ѓоковиќ немаше проблеми, но Медведев е елиминиран на стартот на ОП на САД

Српскиот тенисер и седми играч на светот, Новак Ѓоковиќ, на импресивен начин го отвори настапот на последниот гренслем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД.

Ѓоковиќ во првото коло играше против 50-тиот тенисер на светот, Лирнер Тиен од САД, и победи со 3-0 во сетови (6-1, 7-6, 6-2).

Мечот траеше два часа и 24 минути, а единствената драма се виде во вториот сет, во кој Тиен се држеше одлично до тај-брејкот.

Дури и Американецот имаше сет-топка на сервисот на Ѓоковиќ при 5-4, но не ја искористи. Српскиот тенисер успеа да се спаси и да го освои сетот во тај-брејк. Третиот сет беше рутински завршен.

Во второто коло на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ ќе игра против уште еден домашен тенисер, Закари Свajда.

Големо изненадување се случи во последниот меч од програмата, кога испадна поранешниот број еден на светот, Данил Медведев.

Русинот беше поразен од 51-виот тенисер на светот, Бенжамен Бонзи, во вистински спектакл кој траеше речиси четири часа. Бонзи славеше со 6-3, 7-5, 6-7, 0-6, 6-4, што е нов катастрофален резултат за непрепознатливиот Медведев во последниот период.

Кај дамите немаше поголеми изненадувања меѓу најдобрите, а понатаму помина Арина Сабаленка.

- Оглас -

Најнови вести