Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, и седмипат по ред загуби од Јаник Синер, овојпат во полуфиналето на егзибизиониот турнир во Саудиска Арабија, „Шестте крала“.
Србинот повеќе од две години нема победа над Синер, а Италијанецот вечерва беше и повеќе од убедлив и славеше со максимални 2-0.
На Синер во првиот сет му беше доволен еден брејк за да дојде во водство и да го добие сетот со 6-4, а тоа се случи уште во третиот гејм.
Италијанецот уште поубедлив во вториот сет, бидејќи двапати освојуваше поен на сервис на противникот. Ѓоковиќ ги загуби првиот и петтиот гејм со брејк, па јасно беше дека Синер ќе го добие и вториот сет (6-2).
Тоа би значело дека во финалето на „Шестте крала“ во Ријад ќе има спектакл помеѓу Јаник Синер и Карлос Алкарас.