Чилеанецот Алехандро Табило го совлада Новак Ѓоковиќ со 6-2, 6-3 и приреди сензација на Мастерсот во Рим, турнир кој Србинот го има освојувано шест пати во својата кариера.
Уште од самиот старт се виде дека Новак не е оној препознатливиот, Табило поведе со 4-0 во гејмови, но некои помислија дека можеби најдобриот тенисер игра некои игри со цел да го залаже противникот. Но, најдобриот светски тенисер не беше ни бледа сенка и испадна уште во 16-финалето на турнирот кој му беше генерална проба пред „Ролан Гарос“ каде ја брани титулата.
Табило е 32-ри на АТП листата, и стана прв тенисер од Чиле после 17 години, кој победил „светски рекет број 1“.