Ѓоковиќ никогаш не го победил Циципас, еве му шанса

Новак Ѓоковиќ има прилика во Мадрид да дојде до 74-тата АТП титула во кариерата, за најдобриот светски тенисер ова е прво финале после Австралијан опен, но против себе доцна попладнево ќе има тенисер против кој никогаш не остварил триумф, а тоа е Стефанос Циципас. Сите најави му одат во прилог на популарниот Ноле, тој е подобар, поискусен, и поодморен од Гркот кој синоќа приреди изненадување против домашниот фаворит Рафаел Надал.

Тоа што има 0-1 во дуелите со Циципас, за Ѓоковиќ е само мотивација плус да слави на земјените терени во шпанската престолнина. Младиот Циципас во три сета го победи Ѓоковиќ на тврда подлога на Мастерсот во Торонто, а сега оди по својата прва титула на еден турнир од серијата 1000. Гркот од утре има загарантирано седмо место на АТП листата и тоа му е најдобар пласман во кариерата.

Ѓоковиќ е фаворит на хартија во балканското финале, но тенисер кој ги победил Зверев и Надал, не е за потценување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести