Новак Ѓоковиќ во говорот после финалето во Мелбурн, му честиташе на Карлос Алкарас за историскиот потфат, а најде место и за шеги, иако сигурно не му беше лесно после ваков пораз на меч кој многу сакаше да го добие и да испипе нови страници во историјата на тенисот.
„Многу си млад и имаш долго време пред себе, како и јас. Сигурен сум дека ќе се гледаме многу во следните десет години (се смее). Чудно е да се види Рафа (Надал) на трибините, а не овде долу. Чудно беше што те гледав како го гледаш финалето, но благодарам што дојде. Има многу шпански легенди тука; денес беше два против еден, не е фер (се смее). Имав подготвен говор за победа и пораз, па дозволете ми да размислам за момент. Како и да е, само сакам да кажам дека никогаш не сум доживеал толку многу љубов во Австралија. Се обидов да возвратам за сè. Секогаш верував во себе, тоа е многу важно на ова ниво. Никогаш не помислив дека повторно ќе бидам на церемонијата на затворање на гренслем, а делумно за тоа е заслужен Бог. Тој знае што ќе се случи утре“, изјави Ѓоковиќ кој и во финалето одигра добро, но недоволно за победа против светскиот рекет број 1.

