Повреда на рамото е причината поради која Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на завршниот Мастерс во Торино каде за трофејот и значајни парични награди ќе се борат осумте најдобри тенисери на светот.
Ѓоковиќ требаше да биде учесник, и да игра во група со Карлос Алкарас, но после финалето во Атина донесе одлука да се повлече. На негово место ќе влета Лоренцо Музети кој е деветти на АТП листата, тоа е тенисерот кој загуби од Новак во интересното финале во Атина и нему многу повеќе ќе му значи што првпат ќе игра на силниот турнир и тоа во родната земја. Ова ќе биде првпат во историјата двајца Италијанци да играат на завршниот турнир.
„За жал, повредата на рамото се влоши по финалето. Имав проблеми за време на турнирот, затоа не сакав претходно да донесам одлука за Торино, за да видам како ќе реагирам. Морав да земам силни лекови за да го играм натпреварот. Чувствував дека нема шанси да го играм целиот турнир во Торино и да играм на посакуваното ниво. Ќе требаше да го играм првиот натпревар во понеделник, немаше доволно време. Физички не можев. Ме боли. Тоа е АТП финале, не играв минатата година. Обожавам да играм во затворен простор, имав многу успеси таму, во Торино навивачите се одлични. Позитивно е што Мусети е таму, може да биде позитивно за него. На сите им посакувам се најдобро, се надевам дека ќе имам можност да играм следната година“, рече Ѓоковиќ.

