Ѓоковиќ објасни зошто така убедливо го загуби финалето од Надал

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја прекине доминацијата на Рафаел Надал на Ролан Гарос. Иако Србинот е број 1 на АТП листата, кога се работи за меч на грен слем турнирот во Париз, јасно е кој е газда. Во финалето на Ролан Гарос, Надал со убедливи 3:0 во сетови го декласираше Ѓоковиќ.

За Шпанецот ова е неверојатен 13-ти трофеј на турнирот во Париз и вкупно 100-та победа во 102 настапи на овој грен слем. По мечот, Ѓоковиќ призна дека немал шанси да се спротистави во финалето.

„Сакам на Рафа да му дадам големо признание. Не само за оваа победа, туку за се што има направено во кариерата. Тоа е голем шампион! Овој меч беше големо искуство за мене. Не сум задоволен од начинот на кој играв. Победни подобриот тенисер. Иако не го освоив турнирот, за мене ова беше прекрасни две недели и среќни сме што во овие тешки времиња имавме можност да го играме спортот кој го сакаме“, рече Ѓоковиќ по поразот во денешното финале.

- Оглас -

Најнови вести