Ѓоковиќ одби да каже дали ќе прими вакцина против коронавирусот

Новак Ѓоковиќ на турнирот во Белград го победи сонародникот Миомир Кецмановиќ со 6-1, 6-3, и се пласираше во полуфиналето, па одговараше на прашања поврзани со вакцинацијата против Ковид-19. Новак е еден од ретките познати спортисти кои јавно даваа изјави против вакцинирањето, а сега одбива да каже дали ќе прими вакцинација.

„Одлуката дали ќе примам вакцина, ќе ја задржам за себе. Се надевам дека тоа ќе се почитува. Не сакам да бидам етикетиран дека сум за или против вакцина. Не сакам да бидам вклучен во кампања. Мило ми е што играчите имаат избор. Сите треба да имаат слобода на избор“ – рече првиот светски рекет.

 

 

- Оглас -

Најнови вести