Ѓоковиќ официјално објави дека нема да игра во Мајами: Мора да балансирам во овој период од кариерата

Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи испрати порака со која потврди дека нема да игра на Мастерсот во Мајами.

Ова значи дека следниот меч на Новак на тениските терени ќе биде во април во Монте Карло, на силниот турнир кој се игра на земјена подлога, како подготовка за „Ролан Гарос“ и Олимписките игри.

„Здраво Мајами! За жал, оваа година нема да играм на Мајами опен. Во овој дел од кариерата морам да го балансирам приватниот и професионалниот живот. Жал ми е што нема да играм пред едни од најдобрите и најстрасните фанови на планетата. Со нетрпение очекувам да се натпреварувам во Мајами во иднина“ порача Ѓоковиќ.

Бидејќи ни лани не играше таму, Новак нема да загуби поени на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести